«

»

Apr 16

Прв семинар на тема „Силата на бабата“ во новоотворениот пензионерски клуб во општина Новаци

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

18 жени пензионерки од општина Новаци присуствуваа на првиот едукативен семинар на тема „ Силата на бабата“ како глобален феномен кој се одржа во неодамна отворениот пензионерски клуб.

На семинарот се дискутираа начините на кои жените пензионерки од целиот свет се вклучуваат и допринесуваат за подобра општествена заедница.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Присутните разговараа за можните идеи и активности на пензионерскиот клуб во иднина.

Семинарот беше дел од проектот „За здрав и долг живот“ чија основна цел е подобрување на квалитетот на живот на повозрасната категорија граѓани во руралните средини преку мобилизирање на пензионери и нивно запознавање со лидерството.

Во догледно време во пензионерксиот клуб ќе се одржи и едукативен семинар од областа на здравјето .

Пензионерскиот клуб во Новаци е прв од ваков вид и е отворен со средства на општина Новаци, Мировниот корпус и Здружението на пензионери од Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php