«

»

Apr 15

Доделени сертификати за учесниците на натпреварот по спелување по англиски јазик

IMG_3222

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска им ги врачи сертификатите на децата кои учествуваа на натпреварот по спелување по англиски јазик кој го организираше Хана Траскот од Мировниот корпус и наставничката по англиски јазик во ЦОУ„Славко Лумбарковски“.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги поддржува ваквите активности затоа што на ваков начин децата од руралните средини имаат можност за учење и усовршување на англискиот јазик.

„Сакам да ви честитам на постигнатиот успех и да ве охрабрам за поголеми успеси во иднина. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во натпреварот по спелување на англиски јазик учество зедоа 25 ученици од училиштето во Новаци, 4 ученици од Бач и еден ученик од подрачното училиште во Живојно. Најдобри резултати покажа Мартина Китановска која освои 4 место на државното Spelling Bee натрпреварување кое викендов се одржа во Скопје.

Целта на ваквите натпревари по спелување е проширување на вокабуларот на учениците, нивно охрабрување за правилно изговарање и читање на зборовите како и подобрување на јазичните способности за користење на англискиот јазик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php