«

»

Apr 15

Македонско-шпанска свадба во мариовско Зовиќ, општина Новаци

zovik_most 35

Мариовскиот крај полека но сигурно прераснува во туристичка дестинација. На 11 мај оваа година во Зовиќ ќе се прави македонско-шпанска свадба.Младоженецот Валентин Секуловски роден во Швајцарија со потекло од мариовско и невестата Џенифер Лонго родена во Шпанија , минатата година го посетиле ова живописно село и воодушевени од неговата убавина на барање на невестата, решиле својата свадба да ја направат токму на ова место.

„Ме радува што по толку години во овие запуштени крашишта повторно ќе се слушне свадбеното ѕвоно.Младоженците планираат во Зовиќ да ја имаат и својата свадбена церемонија но и целодневната забава за гостите.Подготовките се започнати а поканите се поделени.Ние како општина ќе направиме се што им е потребно на младоженците за да имаат незаборавен ден.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

На денот на свадбата младоженците со хеликоптер ќе слетаат во Зовиќ  каде ќе се одржи свадбената церемонија и каде ќе ги пречекаат македонските и швајцарските сватови.

Селото Зовиќ е лоцирано во општина Новаци на околу 50 км оддалеченост  од Битола. Во близина на селото течи Градешка река на која се наоѓа едно од најубавите зданија во Мариовскиот крај т.н филмскиот мост каде е сниман дел од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php