«

»

Apr 12

Прва седница на новиот состав на Советот на општина Новаци

IMG_3138

Новиот состав на советот на Општина Новаци денеска ја одржа првата конститутивна седница на која имаше неколку точки на дневен ред.

Советниците најпрво избраа верификациона комисија, потоа следеше верификација на мандатот на членовите на Советот, потпишување и полагање на свечена изјава, избор на членови на кандидациона комисија за предлагање на кандидат за претседател на Советот на општина Новаци, избор на претседател, избор на членови на комисија за мандатни прашања, избори и именувања, комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, комисија за финансирање, буџет и локален економски развој, комисија за статут и прописи и комисија за општествени дејности.

Претседател на новиот состав е Пецо Мицевски  а на конститутивната седница присуствуваше и градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Советот на општина Новаци брои 9 члена од кои 7 се од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ а двајца членови се од СДСМ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php