«

»

Apr 12

Министерот Димовски во посета на поплавените подрачја во општина Новаци

 

 IMG_3124

Министерот за земјоделство Димовски заедно со градоначалникот Котевски ги посетија поплавените подрачја во општина Новаци која беше најпогодена од минатонеделните обилни врнежи.Најавија доставување предлог до Владата за одредување модел за обештетување на земјоделците.

Во Пелагонија под вода се наоѓаат  2900 хектари обработлива површина која на некои места изнесува дури до метар и половина.Поволната временска прогноза во следните денови ќе допринесе за повлекување на водата со што ќе се создадат услови Комисијата за утврдување на штети да излези на терен за да ја согледа фактичката состојба и да изврши процена на штетите .

„Ова е вонредна состојба, паднаа 60 литри на метар квадратен дожд.Ваква ситуација немало од далечната 1950 година. Според податоците на УХМР протокот на вода во критичниот ден 7 април изнесувала 79,5 м/с додека наредниот 170 м/с.Толкаво количество вода река Црна во никој случај неможела да прими па дури и целосно да беше исчистена“ рече Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ.

Министерот  Димовски најави комплетно чистење на коритото на река Црна и на примарната каналска мрежа во текот на летниот период, зафат во кој заеднички ќе се вклучат министерството, јавните претпријатија и двете општини Новаци и Битола.

„Цела среќа што оваа вода не навлезе во населените подрачја. Главната причина за поплавите е пробивањето на десеттиот канал и река Црна. Се договоривме да преземеме соодветни мерки за да го санираме тој канал а општината ќе си преземи обврски да ги чисти како што и досега ги чистеше каналите од секундарната мрежа.“ реча Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Најголеми штети од поплавите има Земјоделскиот Комбинат Пелагонија.

„Поплавени се околу 2000 чехтари од кои 1100 ха се под есенски култури додека 900 ха беа припремени за пролетната седиба.Работиме на терен, веќе се излезени екипи за да ги проценат поплавените површини а штетите допрва ќе се утврдуваат. “ рече Тоде Лазаревски, раководител на производна линија Новаци.

Претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров рече дека осигурувањето на земјоделските посеви од поплави не е можно затоа што осигурителните компании нудат пакети само за осигурување од град.

Во општина Новаци најпогодени се селата Рибарци, Новаци, Гнеотино и Гермијан со околу 500 хектари обработлива површина која 90 %  е засеана со житни култури.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php