«

»

Apr 11

Се работи на префрлање на хидросистемот за наводнување преку река Црна

IMG_3017

Продолжуваат активностите околу спроведувањето на системот за наводнување во новачкото поле.Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со претставници на ЈП Стрежево и  проф.Радевски Александар чија специјалност е водостопанството и водоснабдителни системи.

„ Денеска остварив средба со проектантот кој е ангажиран за изработка на основниот проект за префрлање на хидросистемот за наводнување на Стрежево преку река Црна.Со неговото префрлање ќе им се олесни работата на земјоделците, ќе им се зглемат приносите на земјоделските култури а ќе се добие и поголема профитабилност на производството.“рече градоначалникот Котевски.

Со овој проект се очекува да се покријат околу 500 хектари обработлива површина во новачкото поле.

„Основниот проект за системи за наводнување во Новаци е во изработка е во завршна фаза.Денеска остваривме средба со градоначалникот Котевски и ги извршивме последните подготвителни работи околу финиширањето на изработката на проектот.“ рече проф. д.г.и.Радевски Александар.

Реализацијата на овој зафат се планира за 2013/2014 година, општина Новаци очекува голема помош од РЕК Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php