«

»

Apr 10

ФОД донираше играчка во Центарот за ран едукативен развој на децата „Бамби“ во Новаци

IMG_3107

Дваесеттината дечиња кои редовно го посетуваат Центарот за едукативен развој „Бамби“ во Новаци од денеска во топлите пролетни денови ќе имаат нова занимација-нова метална играчка за качување донација од Фабриката за опрема и резерви делови ФОД од Новаци.

„Подолго време ја очекувавме оваа играчка која игротеката Бамби ја доби благодарение на добрата соработка која општина Новаци ја има со ФОД.Оваа играчка е доста добра за развој на моторните функции на децата и се надевам дека ќе биде добро искористена “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Центарот „Бамби“ е во процедура на легализација и за скоро време ќе започне да работи под државна капа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php