«

»

Apr 09

Се излеа река Елешка во атарот на Гермијан

IMG_3053

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со стручни екипи од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување извршија увид во атарот на село Гермијан каде се излеа река Елешка и го поткопа мостот.Првично беа поплавени околу 400 а сеуште под вода се 200 хектари обработлива површина.

„Еве со претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување излеговме на терен со цел да ја видиме фактичката состојба.Имавме голем прилив на вода во ноќните часови заради обилните врнежи, поплавени се околу 400 хектари, сега водата полека се повлекува и под вода се околу 200 хектари.Има големи оштетувања на мостот баш каде што се наоѓаме сега,овде треба под гитно да се направи санација бидејќи постои опасност, потпорниот ѕид е срушен и може да се сруши и овој мост.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Жителите на село Гермијан чии ниви се поплавени можат да поднесат баарње за надомест на штети во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php