«

»

Apr 09

Нови поплави на територијата на општина Новаци

IMG_3080

По село Гнеотино каде состојбата со поплавите денеска е влошена , под вода се најдоа и обаботиливите површини во атарот на село Рибарци и Агларци , како и фабриката за производство на природен гас „Вазар“.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со кризниот штаб на ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување повторно излегоа на терен со цел директен увид во новонастаната состојба.

„Зголемено е нивото на вода во село Гнеотино за разлика од вчера, каде водата од река Црна чие ниво денеска изнесува рекордни 4,10 метри се враќа назад во 10-тиот канал,кој поради тоа што н може да прими толкаво количество вода се скина и водата започна да тече и да го поплавува атарот на с.Гнеотино. Опасност од поплавување на куќите нема, врнежите престанаа па започна да се намалува и нивото на Црна кое вчера изнесуваше 4,20 метри.Засега тука неможе ништо да се интервенира додека не се повлечи водата.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Котевски ја посети и приватната фабрика за производство на ЦО2 „Вазар“ каде што е поплавен дворот а водата започна да навлегува и во халата за производство.

Под вода се наоѓаат посевите во околината на село Рибарци, а појава на поплави има и во атарот на село Агларци каде водата се враќа назад преку 9 тиот канал и ги поплавува тамошните обработливи површини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php