«

»

Apr 08

Повторно поплави во Гнеотино

IMG_3005

На село Гнеотино повторно му се заканува опасност од поплавување. Градоначалникот Лазар Котевски од рано изутрина со стручна екипа составена од претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување излегоа на терен и будно ја следат состојбата.

„Заради преполнување на 10-тиот канал и кинење на насипот започна прелевање на водата во земјоделските површини кои се наоѓаат во непосредна близина на село Гнеотино. Од утринава постојано сме во контакт и еве излеговме на терен со цел да видиме каква е ситуацијата. За да се спречи поплавување на селото во соработка со ЗК Пелагонија се пушти затворачницата од 10-тиот канал кој е во надлежност на РМ – Битолско поле и водата свесно се пренасочи кон поплавување на околу 200 хектари земјоделски површини на комбинатот“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Ваква слична акција беше презема и пред еден месец кога село Гнеотино се најде во слична ваква ситуација.

На територијата на општина Новаци поплави има и во село Гермијан. Последиците и штетите кои настанаа од обилните врнежи од дожд дополнително ќе се утвруваат.

За да се спречат поплавите во Пелагонија потребно е итно чистење на дното на река Црна која не е чистена од 1983 година а е главен реципиент на водите од сите реки и канали во околината. Според последните истражувања на дното има талог од 110 метри разни наноси и вегетација кои треба да се отстранат.

Владата на РМ оваа година одобри средства за чистење на река Црна односно одобри соодветна количина нафта од стоковите резерви за таа намена. Чистењето ќе се спроведува од село Брод  до вливот на река Драгор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php