«

»

Apr 04

Лазар Котевски и официјално старо-нов градоначалник на Општина Новаци

IMG_2991

Претседателот на Општинската изборна комисија Стевче Ангелевски им ги врачи Уверенијата на градоначалникот Лазар Котевски и советниците од новиот состав на Советот на општина Новаци. Свечениот чин се одржа во салата на Советот на општината.

Староновиот градоначалник Котевски им се обрати на советниците и од нив побара максимална поддршка при реализацијата на планираните проекти и активности со цел подобрување на животот на локалното население.

„Најпрво сакам да ви честитам и да ви кажам дека овие мандати истовремено значат чест но и голема обврска. Добивме огромна поддршка од жителите на општина Новаци и во наредните 4 години истата ќе треба да ја оправдаме на тој начин што ќе се залагаме за подобрување на нивните услови и квалитетот на живот“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Лазар Котевски е избран за градоначалник на општина Новаци со 1837 гласови односно со 82,08 % од вкупниот број на избирачи кои гласале.

Новиот состав на Советот на општина Новаци е составен од 7 советници од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и два членови од Коалицијата на СДСМ.

Следната недела ќе се одржи свечената седница на Советот на општина Новаци а потоа ќе се започне со редовна работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php