«

»

Apr 03

Пошумување во манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци

 

IMG_2964

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со Управниот одбор на Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци и ЗЈКП „ Пела Хигиена“ спроведоа акција на пошумување на дворот.

„Денеска посадивме околу 20-тина зимзелени туји кои кога ќе пораснат ќе формираат преубава жива ограда која ќе допринесе за дополнително уредување на преубавиот двор на единствениот манастир во Пелагонија Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Градоначалникот Котевски во соработка со управниот одбор на манастирот наскоро ќе започнат со изградба на салата за свадби, венчавки и крштевки во склоп на манастирот кој треба да добие и нови конаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php