«

»

Apr 03

Општина Новаци дел од обуката „Вмрежување на локалните заинтересирани страни“

obuka ppr 002

Центарот за развој на пелагонискиот плански регион продолжува со обуките во рамките на проектот „Воведување и спроведување на Лидер  пристапот во пелагонискиот регион. „Вмрежување на локалните заинтересирани страни “ е насловот на втората од вкупно четирите кои треба да се одржат во трите микрорегиони:битолскиот, прилепскиот и ресенскиот.

„На денешната обука ќе се зборува за вмрежувањето на локалните заинтересирани страни.Целта е да дознаат повеќе за мрежата која е неопходна и мора да постои за успешно функционирање на ЛАГ-от, зошто мрежата е потребна, презентација на различните видови на мрежи, да дознаат нешто повеќе за улогата на менаџментот за успешно управување и слично.Потоа ќе имаме и две интерактивни работи во групи.“ изјави владимир Величковски координатор на проектот во ЦРППР.

Од Центарот го поздравуваат Министерството за земјоделство и донесувањето на двата документи:правилникот за содржината и методологијата за подготовка за пишување стратегии и правилник за евидентирање на локалните акциони групи.

„Овие правилници се од голема корист за овој проект.Во втората фаза од овој проект ќе пристапиме кон пишување на стратегијата за развој која е многу важна како документ.“ рече Величковски.

На обуката присуствуваа претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.Проектот Пелагонија ЛиДЕР е финансиран од УСАИД и ќе трае 4 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php