«

»

Mar 29

Прославен патрониот празник на ЦОУ “Славко Лумбарковски”, Новаци

521527_453111154768051_833996881_n

Како продолжение на активностите по повод патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци беше одржана свечена приредба во општинската сала на која присуствуваше градоначалникот Лазар Котевски.

„Многу сум задоволен од она што го изведоа децата на оваа свечена приредба, што значи дека вредно работеле и многу се труделе. Ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме училиштата како во изградба и реконструкција на училниците и просториите за работа така и со поддршка на нивната работа, затоа што децата се нашата иднина. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

380472_368532649928247_1535572430_n

Учениците од прво до осмо одделение во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци подготвија разни скечови, музички изведби, поетски и литературни творби.Оваа приредба е традиционална е се изведува секоја година по повод патрониот празник на училиштето.

Покрај приредбата денеска учениците ќе имаат и спортски фудбалски турнир со ученици од другите училишта од Битола.Исто така училиштето ќе има и отворен ден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php