«

»

Mar 28

Со приредба прославен патронатот на училиштето во Бач

IMG_2875

Во весела атмосфера и со пригодна свечена приредба подготвена од наставниците и учениците од подрачното училиште „Славко Лумбарковски“ во село Бач беше прославен патрониот празник. Патронатот на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ се слави заедно со празникот на општина Новаци. За таа цел денеска во општинската сала со почеток во 16 часот ќе има главна приредба на централното училиште од Новаци.

Утре од 08 до 12 часот ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци има отворен ден, во 10 часот и 30 минути  ќе се положи свежо цвеќе на споменикот на херојот чие име го носи ова основно училиште како и на загинатиот припадник на резервниот состав во конфликтот во 2001 година со потекло од Новаци Пеце Матичевски. На пладне поточно во 12:30 ч. закажана е свечена седница на Советот на општина Новаци а во 13 часот свечен прием во новите простории на општина Новаци.

Денот на општина Новаци ќе биде одбележан и со спортски активности. На фудбалскиот стадион во Новаци за утре е закажан пријателски меѓународен натпревар помеѓу пионерите и кадетите на ФШ Талент 2010 од Битола и Динамо од Тирана, Р.Албанија со почеток во 12 и 14 часот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php