«

»

Mar 28

Проектот ТЕЛЕТЕРМ финишираше во Новаци

teleterm novaci

Општина Новаци беше домачин на завршната конференција со која финишираше проектот за паарно греење ТЕЛЕТЕРМ на општините Новаци и Битола. Денес во Општината Новаци се одржа завршната конференција на проектот „Пренос на знаење за централно греење во Битола и Новаци” со кој преку топлинската енергија од РЕК Битола ќе се топлифицира општина Новаци, општина Битола и ќе има крак за Могила. Проектот ТЕЛЕТЕРМ е со поддршка од европските фондови, а вредноста е околу 160 000 евра за двете општини. Општина Битола има 100 000, а општина Новаци 60 000 евра.

„Како што кажавме ние гарантираме континуитет и веќе продолжуваме со еден од најважните проекти што ги најавивме, тоа е топлификација на Битола, односно топлификација на регионот. Топлинската енергија која што треба да излези од РЕК Битола, преку општина Новаци, до општина Битола со еден крак за Могила подразбира многу подготовка. Ова е еден многу интересен европски проект – „ТЕЛЕТЕРМ“, каде што искуствата кои што ги имаат нашите соседи во Грција, со голема поддршка на фондовите од Европска унија, како и нашето досегашно искуство се сумира во еден убав проект наречен „ТЕЛЕТЕРМ“ кој што значеше истражување, физибилити студија, значењето, спецификите, како да се поврзат општинските згради, останатите објекти итн. Денеска е завршната конференција, а вредноста е околу 160.000 евра за двете општини. Општина Битола има 100.000, а општина Новаци 60.000 евра, а другиот дел е во соседството во Лерин и останатите општини. Проектот е многу значаен затоа што тука ги имаме сите податоци, сите искуства, за да влезиме во подготовка на нашиот проект, кој што со одлука е поддржан од Владата на Република Македонија, а ЕЛЕМ е задолжен да направи свое акционерско друштво, нешто што веќе е завршено и веќе ја имаме изготвената физибилити студија, а продолжуваме со изготвување на проект кој што ќе значи изготвување на главен проект за топлификација на регионот. Искуството со „ТЕЛЕТЕРМ“ ни помага за побрза и дефинитивна реализација на топлификација, проект кој треба да биде завршен во следните 4 години “, изјави Владимир Талески, градоначалник на општина Битола.
Целта на проектот ТЕЛЕТЕРМ беше да се пренесе знаење и искуство за централно греење од Аминдео на Битола и Новаци.
-Овој долгогодишен сон за парно греење на овој регион се остварува, а бенефитот го гледам во одгледување на оранжерии и пластеници бидејќи имаме многу плодно земјиште во општина Новаци, заинтересираноста е многу голема, а нашето население ќе се ангажира околу спроведувањето на овие работи, изјави Лазар Котевски, кандидат за градоначалник на Новаци.

Со реализацијата на овој проект преку направените истражувања и изработените технички студии уште еднаш се потврди потребата, но и оправданоста како економска, така и од аспект на животната средина за што побрза изградба на систем за искористување на топлинската енергија од термоцентралата РЕК „Битола“.

На денешната завршна конференција присуствуваа и претставници од Европската унија, кои рекоа дека овој проект е важен затоа што поврзува две многу важни цели, прекуграничната соработка и енергетска ефикасност на Република Македонија.

-ЕУ ценеше дека прекуграничната соработката со Република Грција и Република Македонија е од големо значење за Македонија и Грција еднострано. ЕУ вложи 27 милиони евра во овие проекти за прекугранична соработка и се надева дека тие средства ќе бидат разумно искористени од двете страни. Со тоа што уште 2 000 000 евра се одобрени од властите во Македонија за овој проект. ЕУ цени дека вложувањето во енергетската ефикасност е многу важно и сакам да потенцирам дека РМ треба да вложи околу 2,3 милијарди евра со цел да ги исполни нормите и стандардите кои што ги налага ЕУ, изјави Ингрид Сагер, Делегација на ЕУ во Македонија

Согласно проектот, градежните работи треба да почнат во 2014 година, а 2017 година да биде ставено во употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php