«

»

Mar 28

Општина Новаци домаќин на меѓународен фудбалски натпревар

талент

По повод Празникот на општина Новаци утре 29.03 на фудбалскиот терен во село Новаци ќе се одигра меѓународен пријателски натпревар меѓу ФК Талент 2010 од Битола и Динамо од Тирана, Р.Албанија. Фудбалски натпревари ќе се одиграат во категоријата пионери и кадети со почеток во 12 и 14 часот.

„По повод денот на општината организираме бројни активности како што се прослава на патронатот на училиштето во Новаци и Бач, отворен ден на ЦОУ „Славко Лумбарковски“, свечена седница на Советот на општината, свечен прием како и овој меѓународен фудбалски натпревар. Ние сме големи поддржувачи на спортот и спортските натпревари а со ваквите активности ќе продолжиме и понатаму“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Пионерската екипа на ФК Талент вчера го одигра првиот полуфинален меч  за Купот на пионери на РМ со Милано од Куманово и триумфираше со резултат 1-0. Гостите од Тирана денеска пријателски натпревар одиграа и со ФК Пелистер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php