«

»

Mar 28

Земјоделците од Новаци потпишаа Меморандум за соработка со УСАИД

IMG_2850

ЕУ ЛЕАДЕР проектот продолжува со својата реализација во општина Новаци која е избрана како пилот општина претставувана преку шест земјоделци производители на пченка и индустриски домат.

Денеска е потпишан меморандум за соработка помеѓу избраните земјоделци и претставниците на УСАИД за пилот проектот „Експанзија на мали бизниси“ финансирана од КАРАНА Корпорацијата а подржана од УСАИД.

„Во месец април ќе биде организирана обука за земјоделците кај кои ќе се спроведе системот за наводнување „ капка по капка“ со цел да се информираат како тој функционира и слично. Со спроведувањето на овој систем очекуваме приносите по хектар да се зголемат значително“, рече Карл Ларкинс менаџер на проектот.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ја искажа својата благодарност за изборот на општина Новаци, за пилот општина каде ќе се спроведува овој проект за развој на малите и средни претпријатија.

„Општина Новаци е рурална општина каде поголем број од локалното население се занимаваат со обработка на земјиштето и земјоделство. Ова ќе значи развој и зголемување на нивното производство а особено мер адува тоа што ќе имаат сигурен пласман за својот производ“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Покрај бесплатното инсталирање на системот за наводнување „ капка по капка“ избраните змејоделци ќе мора да следат одредени однапред прошишани протоколи со цел зголемување на сопствените земјоделски приноси како и успешно спроведување на проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php