«

»

Mar 22

Свечено пуштен во употреба првиот пензионерски клуб во Новаци

DSC_2443

Пензионерите од Општина Новаци добија ново катче за дружење. Од вчера на услуга им е Пензионерскиот клуб, прв од ваков тип од постоењето на општината. Во него можат да организираат седенки, заеднички да гледаат телевизија,да читаат весници,да играат шах, карти и домино.

„За прв пат по толку многу години конечно пензионерите  добија  едно катче каде ќе се дружат и достојно ќе го минуваат слободното време читајќи весници, играјќи шах и домино. Оваа убава и модерно уредена просторија се надевам дека ќе им биде нивниот втор дом каде ќе можат да водат долги разговори, да гледаат телевизија или да слушаат радио. Општина Новаци во континуитет се грижи за највозрасната категорија граѓани обезбедувајќи им бесплатен автобуски превоз за туристичките прошетки кои ги организираат. Со таа редовна практика ќе продолжиме и понатаму. И во наредните  4 години како градоначалник на општина Новаци  нема да престане мојата грижа и мојот  ангажман за доброто на пензионерите од општина Новаци“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Здружението на пензионери додели околу 20 тина благодарници на заслужни лица за постоењето и деливањето на пензионерското здружение.

„Многу му сме благодарни на градоначалникот Котевки и на локалната самоуправа како и на Хана од Мировниот корпус кои ни овозможија да го добиеме овој пензионерски дом. Здружени со добра соработка резултатите нема да изостават, а  резултатите зборуваат за она што сме го изодиле досега во однос на активностите на културно забавен, на спортски и рекреативен план“, рече претседателот на здружението на пензионери од Новаци Владо Аврамовски.

За Пензионерскиот клуб потрошени се  околу 500 000 денари од кои 230 000 денари се средства обезбедени од општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски, 88 000 денари од Здружението на пензионери на општина Новаци а остатокот од 183 000 денари од Американскиот Мировен корпус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php