«

»

Mar 22

Бизнис делегација од Измир предводена од амбасадорот Тасковски во Новаци

DSC_2498

Амбасадорот на Р.Македонија во Р.Турција Горан Тасковски со турски бизнисмени од Измир во посета на градоначалникот Лазар Котевски и општина Новаци. Ваквите посети не се реткост и се случувале во повеќе наврати, затоа што општина Новаци извесно време е во преговори за збратимување со сродна општина од оваа земја.

„Денеска сме дојдени во посета на мојот драг пријател Лазар Котевски со кој имаме одлична соработка. Веќе одреден временски период работиме на изнаоѓање на општина која е сродна со Новаци и со задоволство можам да кажам дека наскоро ќе издејствуваме збратимување помеѓу Новаци и Бергамо,општина која се наоѓа во околината на Измир. Исто така ја донесов оваа турска делегација бизнисмени од Измир со цел да се запознаат со можностите за инвестирање и со индустриската зона која наскоро ќе започне да работи“, рече амбасадорот на Р.Македонија во Р.Турција, Горан Тасковски.

Турските бизнисмени покажаа голем интерес за инвестирање во земјоделството, туризмот, културата и спортот како и за купување парцели во индустриската зона Новаци.

Амбасадорот Тасковски со турските бизнисмени му ја дадоа својата поддршка на кандидатот за градоначалник Лазар Котевски и ја поддржаа политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Изразија подготвеност во периодот кој следува повторно да ја посетат општина Новаци и да остварат соработка со староновиот градоначалник и локалната самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php