«

»

Mar 21

Посета на селата Добромири и Рибарци

DSC_3417

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со директорот на Платежната агенција на РМ Тони Димовски и претставник од Државниот инспекторат за земјоделство беа во посета на селата Рибарци и Добромири каде остварија средба со локалното население.

„Се сретнавме со жителите на овие две населени места кои претежно се занимаваат со земјоделство со цел да ги информираме за тековните активности на Платежната агенција и државниот инспекторат, за исплатата на субвенциите, за формирањето на земјоделските задруги при што оние кои во нив ќе членуваат ќе имаат многу поволности од државата.Исто така ги информиравме за префрлањето на хидросистемот за наводнување на ЈП „Стрежево“ што ќе значи голема придобивка за земјоделците и за новиот пилот проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси во кој е вклучена општината заедно со 6 земјоделци од овие простори“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Присутните ги информираа надлежните за проблемите со кои се соочуваат но и ги слушнаа нивните одговори за бројните упатени прашања.

DSC_3424

„Ги ингормиравме земјоделците и воопшто сите присутни на состаноците во двете населени места за исплатата на субвенциите, поточно дека во целост се исплатени субвенциите за тутун а сега ќе се исплаќа за жито, пченица, ситен и крупен добиток.Исто така ги запознававме со можноста за формирање на земјоделскиз адруги во кои би членувале не помалку од 5 земјоделци кои ќе имаат бројни поволности од државата , како на пример при набавка на земјоделска механизација помошта ќе изнесува 80:50 наспроти сегашната помош 50:50, потоа при осигурувањето на посевите државата ќе има свој удел 80:20 наспроти сегашните 60:40“ велат од платежната агенција и државниот инспекторат за земјоделство.

Денес градоначалникот Котевски ќе ги посети мариовските села Маково и Рапеш и ќе оствари средба со тамошното население.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php