«

»

Mar 21

Котевски во посета на жителите на Бач, Гермијан и Живојно

zivojno 1

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со жителите на населените места Бач, Гермијан и Живојно. На средбата пред присутните беше презентиран отчетот за сработеното во изминатите 8 години но беа презентирани и поважните проекти кои ќе се реализираат во наредните 4 години во сите овие места кои спаѓаат на територија на општина Новаци.

„Жителите на село Бач побараа поставување на 9 цевки на мостот на река Елешка кој е изграден од Водостопанство, санирање на регионалниот патен правец Бач-Битола, да се изгради брана на река Елешка, поставување на тампон на две улици, пуштање на техничка вода која ќе се донесе преку системот за водоснабдување,да се изгради канализација во селото, да се реновира базенот за напојување на селото и да се изградат две водопоила, да се стави во функција здравствената амбуланта, да се обнови ракометното игралиште, да се загради и осветли,да се сменат водомерите“, рече актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник со трет мандат за општина Новаци, Лазар Котевски.

Да се прочисти каналот во местото наречено Мало Пирочани, да се изгради газилиште и каскади на река Елешка, да се одржуваат редовно селските патчиња, да се реконструира регионалниот патен правец Битола-Гермијан, беа само дел од барањата кои жителите на село Гермијан ги упатија кон актуелниот градоначалник на општина Новаци Лазар Котевски, кое е и кандидат за градоначалник со трет мандат ов ВМРО-ДПМНЕ.

„Во мојата работна агенда во попладневните часови оваа и минатата недела се среќаваме со жителите на општина Новаци а денеска сме во село Живојно. Жителите побараа да се изгради водовод, да се провери чистотата на водата за пиење која моментално се испорачува во селото, да се санира регионалниот пат Живојно-Битола, да се направи брана односно каскада за напојување на стоката, да се регулира превозот, да се исчисти браната, да се асфалтира патчето кое води до црквата во селото и да се изгради сала и слично“, рече Котевски.

Посетата на населените места и средбите со локалното населенеи е редовна практика  на градоначалникот Котевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php