«

»

Mar 21

Заврши изградбата на новото монтажно училиште во Далбеговци

DSC_3465

Во присуство на државниот секретар за образование Елизабета Тодоровска, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, советничките за образование во Новаци и Битола Мирјана Кузмановска и Снежана Петровска, директорката на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Ана Котевска Велјановска и многу гости, жители и дечиња беше означен крајот на градежните работи на новото монтажно училиште во село Далбеговци.

„Еве денеска сме тука во посета на новото монтажно училиште во с.Далбеговци кое е донација на Министерството за образование во вредност од 3,5 мил.денари а и општината од својот буџет има одвоено околу 1,5 милиони денари за уредување на паркот, оградата, бетонското платоо на кое е поставено училиштето. Многу ме радува фактот што село далбеговци за прв пат добива училиште и 15-тината деца кои од следната учебна година ќе посетуваат редовна настава тука нема да одат на училиште во другата општина  и нема да се малтретираат секојдневно да патуваат во разни временски прилики“, рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

Монтажното училиште во Далбеговци е 17-тото по ред од вкупно 25 колку што ги гради Министерството за образование на РМ.

„Овој објект во кој од следната учебна година ќе учат толку многу деца е изграден благодарение на залагањата на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Ние како министерството ќе продолжиме и понатаму да вложуваме и да го развиваме образовниот процес насекаде низ државата“ рече Елизабета Тодоровска, државен секретар за образование на РМ:

Новото училиште во Далбеговци е осмото по ред подрачно училиште кое ќе функционира во склоп на ЦОУ„Славко Лумбарковски“ Новаци.

„Благодарение на успешната соработка помеѓу Општина Новаци и Министерството за образование успеавме да издејствуваме изградба на ова прво училиште во село Далбеговци“, рече советничката за образование во општина Новаци, Мирјана Кузмановска.

„Многу сум среќна денес затоа што денес присуствуваме на означувањето на крајот на градежните работи на новото монтажно училиште во Далбеговци. Ова е наше 8 по ред училиште кое ќе функционира во склоп на централното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци“, рече Ана Котевска Велјановска ,директорна ЦОУ„Славко Лумбарковски“, Новаци

„Училиштето се простира на околу 140 метри квадратни површина, има две училници, санитарни јазли, кујна, сопствена котлара, ограден двор со забавни рекквизити и играчки а позади училиштето се наоѓа ново современо ракометно игралиште со осветлување кое го има изградено општина Новаци“ рече инвеститорот Макстрој.

Новото монтажно училиште е одговор на барањето на родителите да се изгради училиште  за да се спречи секојдневното патување на децата по 3 км со секакви временски непогоди .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php