«

»

Mar 21

Етно – ликовна изложба од продажен карактер во ЦОУ “Славко Лумбарковски”, Новаци

DSCF1512

На Етно-ликовната изложба од продажен карактер во ЦОУ„Славко Лумбарковски“ Новаци се продадоа скоро сите дела на младите уметници:ликовни творби во разни техники, скулптури и разни други изработки.

Градоначалникот Котевски, бизнисмените од Стентон градба, претставниците од РЕК, ФОД , рудници и Синдикатот на РЕК се покажаа доста великодушни и купија голем дел од изработките на децата.

„Ова е доста креативен начин да се дојде до средства за купување на работи кои им се потребни во образовниот процес на децата. Многу ме радува што децата се толку креативни и јас постојано ќе ги поддржувам во нивните активности. Денеска купив три слики кои ќе бидат поставени во мојата нова канцеларија во новите простории на општинската зграда“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Средствата кои беа собрани училиштето ќе  ги искористи за купување на спортски реквизити и надгледни средства, рече директорката на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Ана Котевска Велјановска.

На оваа манифестација со своите ликовни творби се претстави исклучително надарениот млад уметник Кристијан Ристовски, а неговите дела не беа ставени на продажба затоа што истите наскоро ќе бидат изложени во неговата прва самостојна изложба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php