«

»

Mar 19

Промовирана “Неука филозофија” на Елизабета Јончиќ

DSC_0192

Во општинската сала во Новаци денеска беше промовирана втората стихозбирка  на поетесата Елизабета Јончиќ „Неука филозофија“ во издание на Матица македонска. Покровител на книгата е градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„Чест ми е што сум дел и покровител на еден ваков убав настан, како што е промоцијата на втората книга која носи наслов „Неука филозофија“ на нашата сожителка Елизабета Јончиќ. Морам да признам дека сум пријатно изненаден што во општина Новаци имаме вакви таленти кои своите мисли ги преточиле во убави песни и ги крунисале со една ваква убава книга. Општина Новаци во рамки на своите можности им помага и ќе продолжи да им помага на сите талентирани жители кои ќе сакаат својот талент да го извадат на виделина“, рече Лазар Котевски, кандидат за градоначалник на општина Новаци.

DSC_0175

„Неука филозофија“ претставува едноставно и спонтано споредување и опевање на моментите на восхитот во моментот на осознавањето на суштината на човечноста, вели авторката.

„Книгата содржи педесеттина песни кои концептуално не се поврзани, но по мотивите и стилот се надополнуваат. Во оваа стихозбирка  се обидов копнежот на една душа да го преточам  и обелоденам во запишаните стихови во оваа збирка песни“, рече авторката Елизабета Јончиќ.

Промоторот на книгата Мирјана Стојановска Палигора вели дека поезијата на Јончиќ треба да се поздрави од две причини.

„Да се пишува поезија во време-невреме кога човек се бори со многу егзистенцијални прашања, изразувањето во стихови или т.н пеење, римување животни вистини е чин што го разбираат само одбраните. Втората причина е самиот обид на поетесата да ја побара во себе таа моќ да може да помага, а пак немоќта да одговори на тој алтруистички повик е самиот повод на книгата“, вели промоторот на книгата Мирјана Стојановска Палигора

Елизабета Јончик од неодамна е член на Друштвото на писатели на Република Македонија а е и претседател на Културно иновативниот клуб Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php