«

»

Mar 19

Посета на училиштето во село Гермијан

IMG_2745

 

Советникот за образование во општина Новаци Мирјана Кузмановска и педагогот м-р Пецо Ројковски во ЦОУ „Славко Лумбарковски“, го посетија подрачното училиште во село Гермијан.

Остварија средба со родителите и ги посетија децата кои тука редовно ја посетуваат одделенската настава.

Родителите побараа реконструкција на училиштето, промена на старата дограма со нова PVC и оградување на училишниот двор.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ветува дека нивните барања ќе бидат исполнети до почетокот на новата учебна година.

При посетата на село Гемријан беа доделени и неколку социјални пакети.

Утре во 13 часот во новачкото село Далбеговци во присуство на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и државниот секретар за образование Елизабета Тодоровска свечено ќе биде пуштено во употреба новото монтажно училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php