«

»

Mar 19

Инсталирана постројка за спроведување на парно греење во Новаци и Битола

2

Преку проектот ТЕЛЕТЕРМ од ИПА Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Грција на третиот блок од РЕК се инсталира постројка за одземање на топлата пареа и затоплување која ќе овозможи спроведување на паарно греење во општините Новаци и Битола.

Градоначалниците на двете општини, Лазар Котевски и Владимир Талески заедно со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски го посетија најголемиот производител на електрична енергија во Република Македонија, РЕК Битола.

„Станува збор за проект вреден меѓу 70 – 80 милиони евра за кој физибилити студијата е изработена, во тек е тендерската постапка за проектирање и очекуваме од средината или крајот на следната година да се влезе во конкретна реализација на она што ќе биде видливо за граѓаните, а тоа е изградба на топловод од РЕК Битола, преку општина Новаци до Битола“, рече вицепремиерот Пешевски.

Инсталирањето на постројката е дел од примарната мрежа а по нејзиното завршување  ќе следи изградба на секундарната мрежа.

„Со проектот ТЕЛЕТЕРМ, пелагониските општини ќе добијат топлификација односно ќе им се спроведе паарно греење, како и можност за развивање на оранжериското производство, тоа е за нас како рурална општина многу важно“, рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

Според градоначалникот Талески топлификацијата пак ќе биде ставена во функција на сите граѓани но и на општинските институции во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php