«

»

Mar 15

Започна да се гради патниот правец Рибарци – Гнеотино

DSC_0053

Започна да се гради патниот правец кој ги поврзува населените места Рибарци-Гнеотино во должина од 5 км. Градоначалникот на општина Новаци, државната администрација и локалното население присуствуваа на осветувањето и отпочнувањето со градба.

„Денеска започнуваме со изградба на патниот правец Рибарци-Гнеотино во должина од 5 км. Ова е еден од нашите приоритети кој благодарение на проектот на Владата на РМ и одобрените средства од кредит од ЕБОР започнуваме да го реализираме, а во наредниот период ќе реализираме уште 4 патни правци“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Многу му благодариме на градоначалникот Котевски кој започна да ни го гради патот.Во изминатиот период во село Гнеотино се вратија да живеат 4 семејства а сега се надевам дека нивниот број ќе се зголеми, благодарение на залагањето на градоначалникот и подобрувањето на условите за живот“, рече Тони Стојчевски, жител на село Гнеотино.

Со средства од ЕБОР општина Новаци во догледно време ќе започне да се градат патните правци: Мегленци-Арматуш, Р1311-Мегленци, Р511-Зовиќ и Брод-Р510.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php