«

»

Mar 13

Превентивни здравствени прегледи во Гермијан и Брод

IMG_3230

Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на млади сили и дел од кандидатите за советници во општина Новаци денеска во Гермијан и Брод  вршеа превентивни здравствени прегледи односно мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта на локалното население.

„Акцијата наиде на одличен одѕив,акцијата беше позитивно оценета на која присуствуваа голем дел од населението на Гермијан и Брод. Одредувавме ниво на шеќер во крвта и меревме крвен притисок.Востановивме дека жителите имаат добра здравствена состојба. Жителите од нас побараа во иднина да спроведиме акција за вакцинирање од сезонски грип“, рече Маријана Филиповска, кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Новаци.

IMG_3264

Утре ваква акција ќе биде спроведена во мариовските села Маково и Рапеш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php