«

»

Mar 13

Жителите на д.Орехово на средба со градоначалникот Котевски

DSC_3081

Да се санираат патиштата низ селото, да се постави чакал, да се реновира објектот каде е сместена продавницата, да се направи базен (водособирник) за стоката на неколку места во селото, да се затрупа каналот кој бил ископан од РЕК Битола, да се поправи уличното осветлување, да се реши проблемот со водоснабдувањето, да се тампонира патот кој води до Манастирчето во селото, да се направи резервоар, водопоила и брана, беа барањата кои жителите на село Долно Орехово ги изнесоа пред градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„Многу сме задоволни од она што досега градоначалникот Котевски го има направено за нашето село.Задоволни сме од неговите средби со нас на одреден временски период и не се сомневаме дека и тоа што денеска пред него го кажавме како проблем ќе биде решено во најскоро време“, велат жителите на село Долно Орехово.

DSC_3078

Котевски кој на локалните избори на 24 март ќе се бори за трет градоначалнички мандат пред присутните ја претстави Изборната програма 2013-2017 и Отчетот за сработеното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php