«

»

Mar 13

ЕЛЕМ ќе гради концентрирачка соларна централа меѓу Новаци и Добромири

DSC_0431

 

Во просториите на општина Новаци денеска се направи Презентација на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и социјални аспекти при изведбата на Концентрирачката соларна централа на инвеститотот АД ЕЛЕМ.Изготвувач на студијата е Емпириа ЕМС Скопје. За најповолна локација е избрано земјиште во битолското поле помеѓу населените места Новаци и Добромири кое се простира на 39 хектари површина.

„АД ЕЛЕМ планира да гради концентрирачка соларна централа  за изкористување на сончевата енергија како обновлив извор на енергија  за производство на електрична енергија. Централата ќе се гради на територија на општина Новаци а ние ја изготвувавме студијата за оцена на влијанието врз животната средина“, рече м-р Константин Сидеровски, сениот експерт за ОВЖС во Емпириа ЕМС Скопје.

DSC_0436

Студијата опфати резиме на влијанијата и мерки за нивно намалување, а истата може да се погледне на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ или во просториите на општина Новаци.

Од ЕЛЕМ велат дека при реализацијата на проектот ќе се вклучат меѓународни финансиски институции како Светска Банка и ЕБОР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php