«

»

Mar 13

Градоначалникот Котевски потпиша кодекс за фер и демократски локални избори 2013

kodeks za fer izbori- kavadarci

Во рамките на кампањата „Каков белег ќе оставиме? – Фер избори 2013“, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски вчера во Кавадарци го потпиша Кодексот за однесување за слободни и фер избори. На документот свој потпис ставија сите кандидати за градоначалници.

Покрај Котевски свој потпис на кодексот депонираа и кандидатите за градоначалници на Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, Градско и останатите општини во изборната единица број 4.

„Си подадоа рака и рекоа дека во интерес на сите е локалните избори да поминат во фер и демократска атмосфера, а граѓаните да одлучат кој ќе ја добие нивната поддршка“, рече Лазар Котевски, кандидат за градоначалник за општина Новаци на ВМРО-ДПМНЕ  со трет мандат.

Директорот на Национален демократски институт во Македонија, Крис Хеншоу, изрази надеж дека кодексот на однесување ќе придонесе за создавање демократска клима за време на кампања.

“Слободните и фер избори се клучни за секоја демократија. Ние веруваме дека кодексот на однесување ќе допринесе кон создавање на демократска клима за време на кампања, како и на денот на изборите, прмовирајќи почит кон гласачите, како и кон политичките опоненти“, рече директорот на НДИ во Македонија, Крис Хеншоу.

Кодексот е потпишан на иницијатива на Институтот за парламентарна демократија во соработка со Националниот демократски институт за меѓународни односи.

“Основното демократско право на секој граѓанин е тој да може, без притисоци, во еден фер и демократски процес да го даде својот глас и да ги избере своите политички претставници. Ги поттикнуваме актерите на изборниот процес да го почитуваат потпишаниот кодекс за фер и демократски избори“ рекоа од Институтот за парламентарна  демократија (ИПД), нагласувајќи дека белегот оставен на овие избори е белег врз животот на секој граѓанин на Република Македонија.

Кампањата за фер и демократски избори стартуваше во 2002 година за парламентарните избори со акцент на Кодексот на однесување за слободни и фер избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php