«

»

Mar 11

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци

13

Масовност, празнична атмосфера и победничка еуфорија го карактеризираше синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во Новаци. На собирот беше претставен кандидатот за градоначалник Лазар Котевски и советничката листа. Пред присутните се обрати заменик министерот  за земјоделство, Зоран Коњановски.

„Во Новаци победникот за градоначалник ќе се знае уште во 10 часот наутро“, рече Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник со трет мандат се осврна на направеното во изминатите 8 години на чело на општина Новаци.

Моите дела говорат за мене.Моите дела ја мерат мојата успешност , визија и искрена посветеност. Моите дела стојат позади мене: сите 25 км асфалтирани улици, 30 км асфалтирани патишта, 5 те изградени модерни ракометни игралишта со осветлување, 8 те детски забавни паркови со реквизити, партерните уредувања, реновираните училишта, новото улично осветлување, ново поставените тротоари, чистите канали, изградените брани, мостови, оваа репрезентативна и модерна нова општинска зграда“, рече Котевски.

21

Од жителите на општина Новаци повторно ја побара довербата за да го заврши започнатото но и заедно да направат многу повеќе од досега постигнатото.

„Во наредниот 4 годишен период имаме зацртано многу развојни капитални проекти за реализација. На страниците на мојата изборна програма ви нудам над 150 проекти кои се реални и остварливи,помали и поголеми , со кои ќе се подобри животниот стандард на населението“, рече Котевски.

На митингот во Новаци беше претставена и советничката листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Новаци сакам да ве потсетам дека во изминатите 4 години, јас како прв човек на Советот на општина Новаци заедно со градоначалникот Лазар Котевски реализиравме големи дела и проекти од областа на инфраструктурата, водоводните и канализационите системи, спортот, образованието, културата, социјалната и здравствената заштита за доброто на жителите на општина Новаци“, рече Пецо Мицевски, носител на советничката листа.

На крајот на митингот кандидатот за градоначалник побара од присутните на 24 март да го заокружат редниот број 19 за кандидат за градоначалник и редниот број 4 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php