«

»

Mar 11

Градоначалникот Котевски во посета на Арматуш

DSC_3014

Актуелниот градоначалник на општина Новаци Лазар Котевски, кој е и кандидат за градоначалник со трет мандат на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го посети село Арматуш каде оствари средба со локалното население.

„Денеска сум во Арматуш каде сакам од самите жители да слушнам што им е потребно и кои им  се најголемите проблеми. Од мене побараа првенствено да им се направи патото кој води до селото, да се санира браната, да им се направи водопоило за напојување на стоката, да се донираат средства за џамијата и секако вработување за жителите“, рече Котевски.

DSC_3026

Градоначалникот Котевски жителите на Арматуш ги информираше за Отчетот за сработеното и им ја презентираше Изборната Програма 2013-2017 а им вети решавање на проблемите континуирано и тековно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php