«

»

Mar 09

Пегаз ќе ги обучува Битола, Новаци и Могила

pegaz_laze

Доброволното друштво ПЕГАЗ денеска го објави почетокот на едукативните работилници кои ќе ги реализира во основните и средните училишта. Поддршката и соработката ја доби од градоначалниците на три од општините во пелагонискиот регион – Битола, Новаци и Могила.

Општествената вредност на чекорите кои Општина Битола и Новаци ги преземаа досега во поддршката на иницијативите на доброволното друштво „Пегаз“ се повеќе станува видлива – од денеска волонтерите пожарникари, обучени од припадниците на битолската противпожарна. Просторот за едукативниот центар е отстапен од општина Битола. „успешно функционира“ – констатираше денеска градоначалникот на Битола Владимир Талески кој се осврна на потребата што се има за знаење за превенција на пожарите.

Општина Новаци пак во текот на претходната година заедно со своите соседи Битола и Могила, застана зад неколку-дневниот семинар за лица вработени во јавните претпријатија кои треба први да реагираат при појава на пожар. Градоначалникот на Општина Новаци лазар Котевски исто така ја истакна заначјноста и поддршката на инцијативата.

„ Многу е значајно и ние го поздравуваме овој напор на ПЕГАЗ за обука на најмладите како регион каде често иамме пожари”,  вели Лазар Котевски кандидат за градоначалник на Новаци.

Проектот треба да трае 3 месеци, или до крајот на второто полугодие, а целта е запознавањето со опасностите од пожарите, нивно откривање и гаснење во почетна фаза.

Ова е проект зад кој финансиски застана владата на РМ, а и француските соработници на битолската ТППЕ. За Жан Пјер барбие – аташе за внатрешна безбедност од француската амбасада во РМ, проектот е показател за соработката на локалната самоуправа со невладиниот сектор во државата и можноста за споделување на искуствата од Франција, каде, како што рече – да си пожарникар е модерно, а во многу случаи, заради специфичниот развиен систем на едукација за заштита од пожари од најмала возраст, доброволците се носители на противпожарните активности.

Овој проект ќе биде препознатлив по логото „Пожарот уништува – ти можеш да го спречиш“ на постерите и флаерите кои се веќе изработени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php