«

»

Mar 07

Ќе се проширува проектот за “Експанзија на мали бизниси” во општина Новаци

IMG_2664

На денешниот состанок со претставниците од УСАИД  Карл Ларкинс  и Мирјана Македонска, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски беше информиран за досегашниот тек и начинот на спроведување на пилот проектот за „Експанзија на мали бизниси“.

Општина Новаци е избрана за пилот општина каде се спроведува овој проект кој е дел од ЕУ ЛЕАДЕР пристапот а е финансиран од Карана корпорацијата.

Во реализацијата на проектот се вклучени два индивидуални земјоделци од Новаци кои произведуваат индустриски домат и пченка. Тие преку примена на однапред утврдени протоколи, спроведување на системот за наводнување „ капка по капка“ и следење на советите на стручниот тим и експерти на УСАИД ќе настојуваат да им се зголемат приносите и квалитетот на земјоделското производство.

Градоначалникот Котевски ја поздравува оваа идеја и целосно го поддржува спроведувањето на пилот проектот за „Експанзија на мали бизниси“ во општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php