«

»

Mar 07

Трибина “Спортот како превенција од современите пороци”

DSC_2978

Во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци се одржа трибина на тема „Спортот како превенција од современите пороци“ на која присуствуваше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, директорката на училиштето Ана Котевска Велјановска,советничката за образование Мирјана Кузмановска, наставници, родители и ученици.

„Ваквите трибини каде децата се советуваат да го изберат спортот наместо пороците како што се: пушењето, алкохолот и дрогата се многу корисни и ние како општина ги поддржуваме и ги поттикнуваме. Општина Новаци во овие 8 години има направено многу за развој на спортот, имаме изградено над 5 ракометни игралиште, започната е изградбата на спортската сала во Новаци, тениско игралиште во Добромири, а во следниот период ќе изградиме и повеќенаменско игралиште во Новаци и отворен базен“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Целта на трибината е едукација преку подготвени презентации и корисни примери насочување на децата на правиот пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php