«

»

Mar 06

Посета на Месната заедница во с.Бач

bac

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со жителите на населеното место Бач. На средбата беше презентиран отчетот за сработеното во изминатите 8 години но беа презентирани и поважните проекти кои ќе се реализираат во наредните 4 години.

„Жителите на село Бач побараа поставување на 9 цевки на мостот на река Елешка кој е изграден од Водостопанство, санирање на регионалниот патен правец Бач-Битола, да се изгради брана на река Елешка, поставување на тампон на две улици, пуштање на техничка вода која ќе се донесе преку системот за водоснабдување,да се изгради канализација во селото, да се реновира базенот за напојување на селото и да се изградат две водопоила, да се стави во функција здравствената амбуланта, да се обнови ракометното игралиште, да се загради и осветли, да се сменат водомерите“, рече актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник со трет мандат за општина Новаци, Лазар Котевски.

bac 1

За време на викендот Котевски ќе ги посети жителите на селата Арматуш и Градешница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php