«

»

Mar 06

Жителите на Гермијан на средба со кандидатот за градоначалник Лазар Котевски

germijan

Да се прочисти каналот во местото наречено Мало Пирочани, да се изгради газилиште и каскади на река Елешка, да се одржуваат редовно селските патчиња, да се реконструира регионалниот патен правец Битола-Гермијан, беа само дел од барањата кои жителите на село Гермијан ги упатија кон актуелниот градоначалник на општина Новаци Лазар Коетвски, кое е и кандидат за градоначалник со трет мандат ов ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги слушнав барањата на овие жители, дел од нив ми се познати, а голем дел од тоа што го слушнав како проекти предвидени за реализација се наведени во мојата изборна програма 2013-2017“, рече Котевски.

germijan 1

„Од градоначалникот побаравме редовно одржување на уличното осветлување и поставување на арматури од училиштето кон селото, да се изгради фудбалско игралиште ,да се изградат две автобуски постојки, повторно да се направат премините на Порој кои беа однесени од реката, да се изгради канализација во село гемријан, да се реконструира водоводната мрежа во училиштето“, рекоа жителите на село Гермијан.

Градоначалникот Котевски вети тековно решавање на сите проблеми кои жителите на село Гермијан ги среќаваат во секојдневниот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php