«

»

Mar 06

Градоначалникот Котевски на средба со жителите на село Живојно

zivojno 1

 Градоначалникот на општина Новаци и кандидат за градоначалник со трет мандат на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со жителите на село Живојно и преку директна средба со нив се запозна со нивните проблеми.

„Во мојата работна агенда во попладневните часови оваа и минатата недела се среќаваме со жителите на општина Новаци а денеска сме во село Живојно. Жителите побараа да се изгради водовод, да се провери чистотата на водата за пиење која моментално се испорачува во селото, да се санира регионалниот пат Живојно-Битола, да се направи брана односно каскада за напојување на стоката, да се регулира превозот, да се исчисти браната, да се асфалтира патчето кое води до црквата во селото и да се изгради сала и слично“, рече Котевски.

zivojno

Кандидатот за градоначалник за општина Новаци Лазар Котевски пред жителите на Живојно ја презентираше изборната програма и планираните проекти за реализација во следниот мандат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php