«

»

Mar 05

www.lazarkotevski.mk е новиот веб портал на градоначалникот Лазар Котевски

slika od sajtot

Oпштината Новаци информира дека изминативе денови се активираше новиот веб портал на актуелниот градоначалник на Општина Новаци, Лазар Котевски, кој е и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со трет мандат за претстојните локални избори.

На новиот портал www.lazarkotevski.mk се пласираат активностите на градоначалникот Котевски како кандидат во предизборната кампања,но и активностите на општината на чие чело се наоѓа. Страницата ќе служи и за презентација на идните проекти и планови што се предвидени во неговиот нареден градоначалнички мандат. Пласирани се Отчетите за досега сработеното, Изборната програма 2013-2017 година, мноштво видеа и фотографии од неговата работа и активности.

Информациите од веб страната на градоначалникот Котевски се генерираат и автоматски се објавуваат на сајтот www.gradonacalnici.mk, каде се опфатени сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Од Центарот за комуникации на владејачката партија велат дека преку него на едно место можат да се најдат сите активности на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ како и најави за настаните кои тие ги организираат и следат. На овој начин преку глобално користената интернет комуникација граѓаните навремено ќе можат да контактираат со секој од кандидатите, да даваат свои предлози и критики.

Сајтот www.gradonacalnici.mk е проект на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ кој е новина на македонската политичка сцена и досега ниту една партија не се сетила на ваков начин да ги промовира своите кадри во изборната трка. За краткото време од десеттина дена колку што функционира сајтот го посетиле над 25 000 посетители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php