«

»

Mar 05

Средба на градоначалникот Котевски со директорот на ПСУ “Јахја Кемал” – Струга

IMG_2618

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, кој е и кандидат за градоначалник со трет мандат од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори денеска оствари средба со претставници од приватниот колеџ „Јахја Кемал“ од Струга со кој досега имаат одлична соработка.

„ Денеска ми се гости претставниците од ПСУ „Јахја Кемал“ од Струга со која гимназија ние како општина а особено нашето училиште ЦОУ „Славко Лумбарковски“ имаме одлична соработка. Нашите ученици учествуваат на многу настани и натпревари кои ги организираат соучениците од Струга, меѓусебно се дружат,соработуваат разменуваат искуства и знаења“, рече градоначалникот Котевски.

Котевски се надева дека успешната соработка помеѓу општината и двете образовни институции ќе продолжи и понатаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php