«

»

Mar 05

Општина Новаци на обука за ЛАГ – ови и партнерство

1

Центарот за развој на пелагонискиот плански регион продолжува со реализација на ЕУ ЛЕАДЕР Пристапот во пелагонискиот регион. Во рамките на проектот за експанзија на мали бизнис спроведе обука за воспоставување на партнерство и формирање на локална акциона група ЛАГ-ови. Целта на работилницата беше претставниците од јавниот и граѓанскиот сектор да добијат информации за доброто владеење, начинот на мобилизирање на локалните заедници, потребните референтни национални документи и документитете од ЕК кои ќе бидат потребни за формирање на ЛАГ-овите и самиот начин и постапка на нивно формирање.

„Ова е првата од низата тренинзи кои ќе ги организираме на оваа тема во соработка со УСАИД – проект за експанзија на мали бизниси, а имплементиран од Карана Корпорацијата. Се работи за првата фаза од реализација на проектот „Воведување и спроведување на ЛЕАДЕР“ пристапот во пелагонискиот регион“ рече Владимир Величковски, проект координатор од ЦРППР.

Во наредниот период ќе се организираат 4 обуки, по една секој нареден месец.

Општина Новаци е пилот општина каде ќе се спроведуваат два проекти на УСАИД за експанзија на мали бизниси во производството на индустриски доамт и пченка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php