«

»

Mar 04

Конвенција за претставување на кандидатите за градоначалници

2

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера присуствуваше на претставувањето на градоначалници на партијата на претстојните избори во Универзалната сала.

„Денес се собравме овде во главниот град на државата, како што е редот да ги преставиме кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори во Република Македонија кои ќе се одржат на 24ти март овој месец. Овие кандидати зад мене во најголем дел се идните градоначалници на општините низ Македонија. Најголем дел од нив се членови на ВМРО-ДПМНЕ, а дел не се членови но се подржувачи на политиките на нашата партија. Но сите тие се успешни луѓе, дел од нив се покажаа како успешни градоначалници, а дел од нив кои сеуште не ја добиле својата шанса, се покажале како успешни во својата професија, и на тој начин го стекнале угледот и почитта на својата околина. Сите нив внимателно ги анализиравме, особено оној дел дали успешноста во една професија ќе можат да ја претворат и во успешност во градоначалничката функција, и моето и мислењето на раководството на партијата е дека ќе можат“, рече Груевски.

15

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Новаци Лазар Котевски рече дека присуството на овој настан за него значи поттик да ја оправда дадената доверба од народ и лидерот на партијата Никола Груевски , и дека за Новаци ќе направи многу повеќе од досега направеното.

На 10 март со почеток во 16 часот во Новаци закажан е голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php