«

»

Mar 01

Средба со жителите на Горно Агларци

г.Агларци1

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во рамките на својата работна агенда синоќа оствари средба со жителите на село Горно Агларци.Ги запозна со своите сегашни активности, со проектите наведени во изборната програма 2013-2017 кои планира да ги реализира во следниот мандат но и ги сослуша нивните барања и проблеми.

„Денеска остваривме средба со жителите на село Горно Агларци.Од населението слушнавме неколку барања кои ќе настојуваме тековно да ги решаваме со средства од нашиот Буџет, од кредити и заеми како и со донации“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Го информиравме градоначалникот за проблемите со кои се соочуваме во текот на секојдневниот живот и од него го побаравме следното: да се направат два мостови во долна маала и да се исчисти каналот,да се тампонира патот за РЕК и да се санира мост на тој пат,да се тури тампон на краевите од асфалтот онаму каде што беше копано за поставување водовод како и санирање на патот на места каде е ископан, да се осветли црквата и да се постават две бандери, да се решат проблемите со уличното осветлување,да се зарамни и исчисти теренот околу ракометното игралиште ,да се постави чешма во училиштето,да се тури тампон на патот наречен Провод (селски пат), да се постават цевки на почетокот на 10-тиот канал и да се реши проблемот со телекомуникациите бидејќи сигналот за интернет во селото е многу слаб“, велат жителите на село Горно Агларци.

г.Агларци2

Следната средба на градоначалникот Котевски е планирана со жителите на село Добромири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php