«

»

Mar 01

Средба на градоначалникот Котевски со жителите на село Добромири

Добромири2

Изградба и санација на мостовите, реконструкција на патот Новаци-Добромири, дренажа на училиштето се само дел од барањата кои жителите на село Добромири му ги упатија на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски на синоќешната средба.

„Со жителите на село Добромири имавме средба пред извесно време кога ги посетивме со пратениците во Собранието на РМ но еве повторно сакам одблиску да ги слушнам нивните барања, кои се реални и навистина им се потребни и јас како прв човек на општина Новаци, заедно со Советот и администрацијата ќе настојуваме истите да ги решиме со цел да им обезбедиме поквалитетен и подобар живот на ова население“, рече градоначалникот Котевски.

Добромири1

„Побаравме од градоначалникот  да се реши проблемот со регионалниот патен правец Новаци-Добромири а тој проблем им го изнесовме и на пратениците. Потоа сакаме да се изврши дренажа на училиштето бидејќи има многу влага во просториите, потоа да се реновира продавницата и бифето, да се направи канал за атмосферски води Новаци – Добромири и уште еден канал од старото корито на река Црна , да се прати ваљак, да се изгази и зарамни игралиштето и да се направат трибини, тековно да се асфалтираат улиците, да се ископа каналче за атмосферска вода од западната страна на селото, да се реши проблемот со уличното осветлување онаму каде што нема и слично“, велат жителите на село Добромири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php