«

»

Mar 01

Се разгледуваше состојбата со поплавите во Пелагонија

1

Кризниот штаб при Дирекцијата за заштита и спасување на состанок со градоначалниците од Пелагонискиот регион и инволвираните надлежните институции. Се разгледуваа информациите околу поплавените подрачја, настанатата штета и начинот на делување.

„Јас како градоначалник на општнина Новаци ги запознав со состојбата со поплавите на мојата територија. Кај нас имавме две кризни подрачја а тоа се локацијата кај 9-тиот канал кај село Далбеговци каде се поставија нови оплати со цел да се спречи излевањето на водата и на 10-тиот канал кај село Гнеотино каде започна да се излева водата и се скина насипот па постоеше голема опасност од поплавување на селото. За таа цел во договор со ЗК Пелагонија се отвори затворачницата и водата се пренасочи да ги поплавува земјоделските површини на комбинатот“,  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Состанокот се одржа во просториите на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола .

„Од Новаци до Гнеотино на сама Црна река има екипи поставено, што значи дека ако некаде прелееала реката тие веднаш ќе интервенираат.Инаку според нашите проценки околу 1000 хектари земјиште е поплавено во Пелагонискиот регион што значи околу 500 хектари посеви и 500 хектари припрема за засадување на пролетни култури. Ја имаме на располагање целата механизација на јавните претпријатија каде што има проблеми во селата, таа е веќе на терен, имаме формирано екипи кои интервенираат секаде каде што има потреба за тоа“, вели Илија Србиновски раководител на ПЕ на МЗШВ.

Поплавите предизвикани од поројните дождови предизвикаа големи штети врз посевите кои дополнително ќе се утврдуваат. Дополнителен негативен ефект има и одложената прихрана на земјата за пролетната сеидба што негативно ќе влијае врз приносот на дел од културите во Пелагонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php