«

»

Mar 01

Градоначалникот Котевски на седница на Советот на Пелагонискиот плански регион

8

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со градоначалниците на уште 8 општини од Пелагонискиот регион присуствуваа на 16 тата седница на Советот на Пелагонискиот плански регион.

 „Денеска ја одржуваме 16-тата Седница на Советот на Пелагонискиот плански регион со огромна поддршка на градоначалниците на сите 9 општини: Битола, Новаци, Могила, Ресен, Кривогаштани, Демир Хисар, Крушево и Долнени, вклучени во овој совет. Денеска ќе разгледаме неколку точки на дневен ред најпрво за работењето на Центарот, потоа Програмата, завршната сметка, текот и имлементтацијата на проектите и слично“, рече Бојан Бојковски координатор во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На сеницата се разгледуваат и проектите кои ќе се работата во текот на 2013 година а во кои се вклучени 9 те општини членки на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

„На овој состанок покрај другите точки ја разгледувавме и информацијата за спроведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР ЛАГ проектот во чие спроведување е вклучена и општина Новаци“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

На минатата седница на Советот градоначалникот Котевски беше избран за претседател на Регионалниот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php