Monthly Archive: March 2013

Mar 29

Почит за Пеце Матичевски по повод денот на општина Новаци

По повод денот на општината , 30 март, делегација од општина Новаци положи свежо цвеќе на гробот на Пеце Матичевски, припадник на резервниот состав по потекло од Новаци, кој загина во конфликтот во 2001 година.

Mar 29

Прославен патрониот празник на ЦОУ “Славко Лумбарковски”, Новаци

Како продолжение на активностите по повод патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци беше одржана свечена приредба во општинската сала на која присуствуваше градоначалникот Лазар Котевски.

Mar 28

Со приредба прославен патронатот на училиштето во Бач

Во весела атмосфера и со пригодна свечена приредба подготвена од наставниците и учениците од подрачното училиште „Славко Лумбарковски“ во село Бач беше прославен патрониот празник. Патронатот на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ се слави заедно со празникот на општина Новаци. За таа цел денеска во општинската сала со почеток во 16 часот ќе има главна приредба на централното …

Continue reading »

Mar 28

Општина Новаци домаќин на меѓународен фудбалски натпревар

По повод Празникот на општина Новаци утре 29.03 на фудбалскиот терен во село Новаци ќе се одигра меѓународен пријателски натпревар меѓу ФК Талент 2010 од Битола и Динамо од Тирана, Р.Албанија. Фудбалски натпревари ќе се одиграат во категоријата пионери и кадети со почеток во 12 и 14 часот.

Mar 28

Натпревар по англиски јазик во училиштето во Бач

Во основното училиште во село Бач во организација на Хана Траскот, волонтер од Мировниот корпус се одржа училиштен натпревар по англиски јазик “спелинг би“ (“Spelling Bee“). 

Mar 28

Земјоделците од Новаци потпишаа Меморандум за соработка со УСАИД

ЕУ ЛЕАДЕР проектот продолжува со својата реализација во општина Новаци која е избрана како пилот општина претставувана преку шест земјоделци производители на пченка и индустриски домат.

Mar 28

Проектот ТЕЛЕТЕРМ финишираше во Новаци

Општина Новаци беше домачин на завршната конференција со која финишираше проектот за паарно греење ТЕЛЕТЕРМ на општините Новаци и Битола. Денес во Општината Новаци се одржа завршната конференција на проектот „Пренос на знаење за централно греење во Битола и Новаци” со кој преку топлинската енергија од РЕК Битола ќе се топлифицира општина Новаци, општина Битола …

Continue reading »

Mar 22

Свечено пуштен во употреба првиот пензионерски клуб во Новаци

Пензионерите од Општина Новаци добија ново катче за дружење. Од вчера на услуга им е Пензионерскиот клуб, прв од ваков тип од постоењето на општината. Во него можат да организираат седенки, заеднички да гледаат телевизија,да читаат весници,да играат шах, карти и домино.

Mar 22

Бизнис делегација од Измир предводена од амбасадорот Тасковски во Новаци

Амбасадорот на Р.Македонија во Р.Турција Горан Тасковски со турски бизнисмени од Измир во посета на градоначалникот Лазар Котевски и општина Новаци. Ваквите посети не се реткост и се случувале во повеќе наврати, затоа што општина Новаци извесно време е во преговори за збратимување со сродна општина од оваа земја.

Mar 21

Котевски во посета на жителите на Бач, Гермијан и Живојно

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со жителите на населените места Бач, Гермијан и Живојно. На средбата пред присутните беше презентиран отчетот за сработеното во изминатите 8 години но беа презентирани и поважните проекти кои ќе се реализираат во наредните 4 години во сите овие места кои спаѓаат на територија на општина Новаци.

Older posts «

css.php