«

»

Feb 28

Трибина за спречување на насилството на децата

DSC_0028

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, кој е и кандидат за градоначалник за претстојните локални избори денеска го посети ЦОУ„Славко Лумбарковски“ во Новаци каде присуствуваше на трибината „Насилството и насилното однесување-превенција во училиштата во општина Новаци“.

„Ние како општина ги поддржуваме ваквите активности особено едукацијата на децата .Станува збор за Трибина за насилството, појавата и негово спречување како девијантна појава. Сакам да апелирам кон децата и родителите да се спречи насилството односно уништувањето на добрата кои треба да ги користат децата во училиштата а ние како општина и училиште сме им ги набавиле“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

На едукативната трибина педагогот м-р Пецо Ројковски ги презентираше резултатите од претходно спроведената анкета за постоењето на насилство во училиштата во општина Новаци.

Трибината имаше едукативен карактер на која покрај градоначалникот Котевски присуствуваа директорката на училиштето Ана Котевска Велјановска, советникот за образование Мирјана Кузмановска, ученици, наставници и родители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php